Два броја биле подесени, третиот го погодил од втор обид – вака Коста го отворил сефот

|

При вчерашниот распит, како сведок на 14-годишниот Коста К. кој е осомничен дека извршил масовно злосторство во тоа училиште на 3 мај, кога уби девет ученици и чувар, тој сведочеше во судскиот процес против неговиот татко Владимир Кецмановиќ.

Тој објаснил дека татко му го однел на стрелиште каде инструктор го научил да пука.

Кога решил да го изврши делото, размислувал како да дојде до оружјето што се наоѓало во сефот. Според непотврдени информации, тоа не претставувало голем проблем за него. Сефот имал три броја, го нашол бројчаникот веќе поставен на првите два броја, а третиот го свртел и од втор обид го погодил бројот.

Ова е причината што таткото се смета за одговорен, односно виновен, бидејќи не го обезбедил доволно добро местото каде што го чува оружјето.