Два силни земјотреси го стресоа Балканот

ИЗВОРСкопје24
|

Два посилни земјотреси денеска имаше во регионот.

Земјотрес од 4 степени е регистриран во Подгорица, Црна Гора може да се види на „Latest earthquakes”.

Земјотрес од 4,4 степени по Рихтер е регистриран во Грција, а потоа и потреси од 2 и 3 степени според Рихтер.

На почетокот на месецов и Македонија ја стресоа неколку помали потреси, последниот во низата со епицентар се наоѓаше 11 километри источно од Скопјe и потекнува од скопското епицентрално подрачје.

Неговата Рихтерова магнитуда изнесуваше 2.5, а беше почувствуван од населението во Скопје, Илинден, Кадино и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошка опсерваторија.

Само неколку дена пред тоа телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија регистрирше земјотрес, чиј епицентар се наоѓаше 150 km југоисточно од Скопјe и потекнува од дојранското епицентрално подрачје., информираат од Сеизмолошка опсерваторија.

Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 2.8, а беше почувствуван од населението во Дојран, Гевгелија и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.