Двајца исчезнати во големо невреме, што направи пустош во Австрија

|

Австрија синоќа ја зафати силно невреме. Најлошо е во Корушка, особено во областа Вилах, пренесува „Кронен цајтунг“.

Во тој реон во спасувањето на мештаните учествувале 30 противпожарни единици, а планинската спасувачка служба со кучиња трагачи трага по две исчезнати лица.

Локалните власти соопштија дека повеќето луѓе се спасени. Се молат луѓето да не ги напуштаат куќите и по можност да останат на горните катови. „Опасноста од лизгање на земјиштето е преголема“, наведуваат тие.

„Три села се целосно отсечени од светот“, изјави Мелани Рајтер, портпаролка на организацијата за Корушка, регион на границата со Италија и Словенија кој е погоден од лошите временски услови.

„За неколку часа, падна количината на врнежи за цел јуни “, изјави Герхард Хохенвартер од австрискиот институт за метеорологија и геодинамика (ЗАМГ).

Австрија првпат доживеа екстремен топлотен бран оваа недела, проследен со серија грмотевици. Научниците предупредуваат дека зголемувањето на бројот на екстремни временски услови во Европа е директна последица на глобалното затоплување, пишува агенцијата Франс прес.