ОВР Берово до Основното јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против Ш.Д.(28) од Берово и Ш.Д.(43) од Штип, со живеалиште во Берово, поради постоење основи на сомнение дека извршиле обљуба врз 21-годишна девојка од Берово, која имала здравствени проблеми, соопшти денеска МВР.
Од билтенот на МВР исто така дознаваме дека отсекот за економски криминал при СВР Велес поднесе кривична пријава против 30-годишниот велешанец И.Д., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично „давање поткуп“, казниво по член 358 од Кривичниот законик.
Како што информираше Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес, на 13 мај, И.Д. бил лишен од слобода и при движење кон полициската станица на полициските службеници им понудил по 30 илјади денари да го ослободат.