|
Во тек е спасувачка акција на противпожарната служба на Грција во близина на грчкиот град Патра, откако од засега непознати причини, се урнал мост под изградба, а неофицијално под мостот имало луѓе, јави дописничката на МИА од Атина.
Според грчките медиуми, станува збор за надвозник кој од 2021 година е затворен поради поправки. Засега има информација за двајца мртви, но има и заглавени граѓани.