Двајца повредени тетовци, се превртеле со четирицикл „кавасаки“

|

Вчера во 15 часот и 30 минути во СВР Тетово е пријавено дека во месноста „Церипашина“ на Попова Шапка, четирицикл „кавасаки“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од 44-годишниот тетовец А.Х., а на кој се превезувала и 41-годишната тетовка Е.Х., изгубил контрола и се превртел, извести СВР Тетово.

– Во несреќата, двајцата се здобиле со повреди и биле пренесени во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош, соопшти СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.