Двајца скопјани повредени во сообраќајна незгода, со возило излетале кај клучката Хиподром

|

Вчера во 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Велес-Скопје, кај клучка Хиподром, патничко моторно возило „дачија логан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 82-годишниот Ц.Д. од Скопје, излетало надвор од коловозот, извести МВР.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила сопатничката В.И.(75) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.