Две братчиња од Германија се меѓу повредените во сообраќајката во Местре,родителите им загинале

|

Во страшната несреќа загинаа најмалку 21 лице, а меѓу загинатите покрај една млада Хрватка има и пет украински државјани, Германец, Французин и Италијанец.

Меѓу патниците хоспитализирани во болницата во Тревизо има четворица возрасни и две братчиња од Германија на возраст од 7 и 13 години. Двајцата се здобиле со скршеници на коските, но сега се стабилни. Родителите им починале, а на нив им се укажува психолошка помош.

Меѓу пренесените возрасни има и една Шпанка со изгореници на 60 отсто од телото, која подоцна била префрлена во специјализиран центар во Падова. Во болница се и двајца Шпанци и еден Украинец. Тие имаат скршени ребра и пршлени и се на одделението за интензивна нега.

Италијанските медиуми објавија дека меѓу 15-те повредени во несреќата во која учествувал автобус во Местре, недалеку од железничката станица, има 11 странци, поточно четворица Украинци (две жени, маж и малолетник), Германка, Французинка, Хрват, неколку Шпанци и двајца малолетни со австриско потекло. Голем дел од нив се на интензивна нега, а двајца се оперирани во текот на ноќта во Падова и хоспитализирани на интензивна нега.

Се уште не е познат идентитетот на сите загинати.

Меѓу загинатите е и возачот на автобусот, 40-годишниот Алберто Рицото.