Две лица повредени: Се судрија „опел“ и „голф“

|

На 02.07.2023 во 13.00 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„Борка Талески“ и ул.„Кеј 9 Септември“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“, управувано од Ф.Ј.(33) од Прилеп и патничко возило „голф“, управувано од М.З.(26) од Прилеп, двете со прилепски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото „опел“, З.М.(33), додека со телесни повреди се здобил возачот на возилото „голф“, М.З., констатирани во Градската болница Прилеп.

Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.