Две недели цел студенски блок без топла вода, денес нема ниту за пиење

|

Две недели цел студентски блок во домот Гоце Делчев е без топла вода, а денес без било каква вода, по што студентите кои престојуваат таму реагираат дека не можат ниту раце да измијат.

– Еве еден реален студентски проблем за кој покрај ние како УМС ги повикувам и УСС УКИМ да реагираат. Ова е состојбата во Г блокот во студентскиот дом Гоце Делчев. Денес кулминира проблемот со водата со тоа што нема вода цел ден, а предходните две недели нема топола вода, пишува на Фејсбук претседателот на УМС Сергеј Попов.

Од студентите кои што се сместени во овој блок на социјалните мрежи го поставуваат прашањето дали треба на дождов да излеземе за да измиеме раце и лице? Да не ја политизираме оваа тема кој што кога направил. Ги повикувам сите општестевни чинители покрај студентските и младинските организации да го зголемиме притисокот врз надлежните за овој проблем на студентите да се реши во најбрз можен рок, пишува Попов.

С