Две нови патарини: Патот од Скопје до Штип во еден правец ќе нѐ чини 160 денари

|

Директорот на Јавното претпријатие за Државни патишта Ејуп Рустеми денеска објави дека патување од Скопје кон Штип во еден правец ќе чини 160 денари.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека донесени се цените на двете нови патарини на автопатот Миладиновци – Штип кои, според Програмата за работа на претпријатието треба да бидат пуштени во вториот квартал од годинава.

-Цената на патарините се утврдува според Законот, по километар 2,57 денари. Така што, кај Преод ќе биде 50 денари, а Кадрифаково ќе биде 70 денари цената, рече Рустеми.

Доколку на ова се додаде патарината кај Миладиновци, патувањето од главниот град кон Штип ќе не чини 160 денари во правец за патарини.

Инаку, двата одрона кои пред Нова година се појавија на најновиот автопат во државата сѐ уште не се исчистени и тргнати.