Финале на Светското првенство во рагби од пред два дена се најде во центарот на вниманието, а самиот настан привлече огромно внимание на сите светски медиуми и љубители на овој спорт.
На стадионот „Стад де Франс“ се сретнаа Нов Зеланд и Јужна Африка, а на трибините е виден Новак Ѓоковиќ и тоа во друштво на косовската пејачка, Рита Ора.
По тој повод „Спорт Експрес“ удри и со дрва и со камења по пејачката, поради тоа што седела до најдобриот тенисер на светот.
Текстот под наслов „Срамно!Продавајќи лажен патриотизам на концертите, Рита Ора оди на финале заедно со Новак Ѓоковиќ“, привлече големо внимание, а во текстот меѓу другото стои дека двоглавиот орел кој Ора често го „лета“ изгледа е само симбол за продажба и дека таа глуми лажен патриотизам.