Нема крај на безобразлукот и јавашлукот низ скопските улици, пешачки зони, буквално низ цело Скопје и во секоја негова област.
Не се почитува ништо и не се спроведува ниту еден пропис, правило или закон.
Општина Центар неодамна постави, ПОВТОРНО, подвижна рампа за сервисната улица покрај кафулињата и рестораните во пешачката зона на кејот на Вардар зад ГТЦ.
Но, иако рампата е поставена, сосема наивно од нејзината лева страна при влез е оставен незаштитен простор(намерно?), кој сега се користи за влез во делот забранет за ониие кои немаат специјални пропусници.
И сега, нормално, тоа што не е забрането е дозволено, па целата ситуација наликува на онаа со лудиот и збунетиот.
Посебна приказна е запуштеноста на овој најфреквентен дел од центарот на Скопје кадешто се наоѓаат популарните ресторани во зоната која треба да биде пешачка. Хартии и ѓубре насекаде, уништени тревници, оставени бетонски блокови и камења од уништени жардињери…
И…контејнери преполни со ѓубре, а наоколу клупи за седење.
Извор: Ако.мк