Песната „Шал“ која наскоро треба да се промовира, Игор Џамбазов ѝ ја посветил на својата најголема љубов.
„Ова никогаш не сум го кажал, но сега можам да го раскажам. Таа се викаше Тања Кочишка и беше мојата најголема љубов“, му откри Игор на Жаре на снимањето на новогодишната Еден на Еден што ќе ја гледаме во недела, на Канал 5 од 18.30.
За жал, Тања пред три години починала, а Џамбазов уште ја памети ноќта кога му го подарила шалот.
„Се испраќавме кај Драмски. Таа ми го даде женскиот шал, а јас го носев најмашки на свет“, вели Игор сеќавајќи се на таа студена зимска ноќ. Целата љубовна приказна на Игор и на Тања е раскажана во „Шал“ за која Никола Перевски-Пере направи аранжман.
Оваа приказна нема да ја гледаме во Еден на Еден во недела, затоа ја избравме за веб ексклузива и ја имаме на нашиот јутјуб канал.
извор: tocka.mk