Џеј Ло во солзи поради Бен Афлек? Еве зошто латино дивата заплака пред сите

ИЗВОРНов Лист
|

Секој сака да биде награден за трудот, но се чини дека познатите фаци тоа го доживуваат малку подраматично од нас останатите. Порталот Happy Republic ја открива емотивната реакција на познатата Џеј Ло на една од најголемите награди во кариерата, но и говор кој многумина остави без здив.

Имено, 51-годишната пејачка и актерка е добитничка на престижната филмска награда на MTV Generation, а при доделувањето на познатиот трофеј ја искористи приликата да го поздрави својот иден сопруг, актерот Бен Афлек, на симпатичен начин.

Младата актерка Ванеса Хаџинс и ја врачи наградата, а потоа се повлече од сцената додека публиката гледаше ретроспектива на најпознатите филмски улоги кои Џеј Ло ги играла низ годините. Како што заврши видеото, латино дивата ја искористи приликата и низ солзи радосници им се заблагодари на сите прекрасни луѓе со кои имала чест да соработува. Џенифер Лопез го кажа следново:

– Добри сте како луѓето со кои работите и ако имате среќа тие ве прават уште подобри. Им благодарам на луѓето кои ми го дадоа овој живот, на луѓето кои ми дадоа радост и на оние кои ми го скршија срцето. Тие што беа искрени и оние што ме лажеа. Благодарение на разочарувањето и неуспехот што ме научија да бидам силна и на моите деца што ме научија да сакам.

Откако нејзиниот говор наиде на бурни овации од публиката, таа додаде:

– Сакам да им се заблагодарам на сите луѓе кои ми кажаа во лице и зад грб дека не сум за ова, навистина мислам дека сето ова немаше да го постигнам без вас. Чест ми е што можам да се поврзам со публиката и со сите вас, и поради вас ќе продолжам да ја оправдувам оваа доверба што ми ја дадовте додека сум овде. Ви благодарам многу.