Во полуфиналната емисија на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, настапуваше и една од омилените кандидатки Џејла Рамовиќ.
Џејла како брза песна со која ќе се претстави на сцената на Гранд ја одбра песната „1003“ од Тамара Тодевска.
Марија која е ментор на Џејла беше задоволна од настапот на Џејла и нејзините изведби.
Жирито не можеше да се одлучи која од двете кандидатки е подобра, дали Џејла или нејзиниот противкандидат, па одлучи да направи исклучок и двете да одат директно во финале.
Настапот на Џејла може да го погледнете на 01:24.