Џејла Рамовиќ сподели фотографија по операцијата: Пејачката откри како се чувствува(ФОТО)

ИЗВОРНов Лист
|

Џејла Рамовиќ конечно проговори за здравствениот проблем кој го имала.

Џејла Рамовиќ го оперираше коленото, а сега откри како ѝ оди закрепнувањето.

Победничката на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ на Инстаграм објави фотографија по операцијата.

– Зад сцената, во секоја смисла. Решив проблем што го влечкам со години. Операција на коленото – готово! Жива сум, здрава сум и одлично ми напредува закрепнувањето – напиша Џејла.

Во 2019 година Џејла Рамовиќ победи во Ѕвездите на Гранд. Таа се издвојуваше по прекрасниот глас, а најмногу пееше поп музика.

Пејачката беше во медиумите бидејќи ја поврзаа со нејзината менторка од натпреварот Марија Шерифовиќ, но и двете негираа дека имало нешто меѓу нив.