Џенифер Лопез си ја отвори душата на познатото шоу и призна зошто се плашела да ја обнови љубовта со Бен Афлек

ИЗВОРНов Лист
|

Џенифер Лопез и ја отвори душата на Елен Деџенерис и призна дека ниту таа ниту Бен Афлек не очекувале повторно да бидат толку добри заедно.

Латино дивата Џенифер Лопез во средата и беше гостинка на познатата водителка Елен Деџенерис, а таа откри неколку детали за обновената врска со актерот Бен Афлек.

“Мислам дека никој не беше поизненаден од нас двајца. Никогаш не мислев дека може да се случи такво нешто, прекрасно”, прокоментира Лопез во едно интервју. На водителката и признала дека повторно е вљубена во Афлек.

Таа признала и дека малку се плаши повторно да влезе во врска за која знаела дека ќе ги следат медиумите. „Двајцата сфативме дека сме среќни заедно и не сакавме да дозволиме нешто такво повторно да ни ја уништи врската“, коментира таа.

Џенифер и Бен првпат беа во врска од 2002 до 2004 година, а повторно стапија во контакт во февруари минатата година, за да ја објават веста дека повторно се заедно кон крајот на април.

„Денес сме постари, попаметни, имаме повеќе искуство и сме во различни фази од животот отколку што бевме тогаш. Имаме деца и нашите вредности се сменија“, изјави пејачката и актерка. “Прекрасно ми е што се изгледа сосема поинаку отколку кога бевме заедно за прв пат. Повеќе се цениме, навистина е убаво да сме заедно”, заклучи Лопез.

Џенифер и поранешниот сопруг Марк Ентони имаат две деца, 13-годишните близнаци Макс и Ема, а Бен и поранешната сопруга Џенифер Гарнер имаат три деца, 16-годишната Вајолет, 13-годишната Серафина и 9-годишниот Самуел.