Џенифер во објавата го нарече својот татко Дејвид Лопез „најдобриот татко“. Таткото на латино дивата бил во војска со години, па кариерата ја продолжил како компјутерски техничар, додека нејзината мајка Лупе Лопез работела во училиштe. Нејзините родители се развеле во 1999 година и таа наводно останала во добри односи со нив.
Пејачката неодамна се отвори за сложената врска со нејзината мајка и рече дека нејзината мајка ја тепала кога била мала. Во нејзиниот нов документарен филм Halftime на Нетфликс, таа зборуваше за тоа колку строга била нејзината мајка во воспитувањето.
“Таа го направи она што требаше да го направи за да преживее и тоа ја направи силна, но ја направи и груба”, признала пејачката. Џеј Ло излегла од дома кога имала 18 години, откако неколку пати се судрила со мајка си за нејзината иднина.
Самата Родригез призна дека била строга кон ќерките. Таа емигрирала од Порторико и одгледала деца во Бронкс со нејзиниот сопруг Дејвид, од кого се развела кога девојчињата пораснале.