Џибони ќе настапи на последниот концерт на „Парни ваљак“ во чест на Аки

|

Легендарниот пејач и фронтмен на рок групата „Парни ваљак“, Аки Рахимовски, го напушти овој свет пред една недела, па од групата уште веднаш изјавија дека нема да има замена за Аки, затоа што тој е еден и единствен.

Тие за периодот којшто следи имаа закажано турнеја низ цел Балкан, но сега на својот Инстаграм профил објави дека турнејата е откажана поради големата загуба што ја претрпе овој бенд.

Групата најави и дека ќе одржи концерт во чест на Аки Рахимовски насловен „Ролер и пријатели: нашата Акија“ во Арена Загреб на 26 март 2022 година, каде, меѓу другите пејачи, нивните песни ќе ги изведе и Златан Стипишиќ Џибони.