Џорџина објави фотографии од ќеркичката и го откри името кое и го дале

|

Џорџина Родригез објави фотографија од ќеркичката која ја роди на 18-ти април и го откри нејзиното име.

„Бела Есмералда. 18.4.2022“, напишала Џорџина покрај фотографијата од заспаното бебе.

Џорџина на истиот ден роди и син, но тој за жал не преживеа.

На фотографијата која ја сподели со своите 437 милиони следбеници, Роналдо го држи детето во раце и е друштво на Џорџина и четирите деца кои заедно ги одгледуваат – 11-годишниот Кристијано, 4-годишните близнаци Ева и Матео и 3-годишната Алана.

„Доме, слатки доме. Џио и нашето девојче се конечно заедно со нас. Сакаме да им се заблагодариме на сите за убавите зборови и гестови. Вашата поддршка нѝ е многу важна и сите ја почувствувавме љубовта и почитта што ја имате кон нашето семејство. Сега е време да бидеме благодарни за животот кој го дочекавме“, напиша Роналдо на Инстаграм.