АНЏЕЛИНА ЏОЛИ ОДЛУЧИ: Целото богатство го остава на само едно од нејзините шест деца

ИЗВОРСкопје24
|

Американските медиуми тврдат дека Анџелина Џоли одлучила целото свое богатство да го остави на нејзиниот „златен син“, посвоениот Медокс (17), кој најмногу ја поддржал за време на разводот од Бред Пит.

Уште додека била во брак со Били Боб Тортон, Џоли ја посетила азиската држава Камбоџа, каде што во едно од бројните прифатилишта во кои биле сместени деца без родители, забележала едно преслатко момче кое кратко време после тоа одлучила да го посвои.

Иако сè уште млад, Анџелина го смета како зрела и одговорна личност поради што одлучила своето богаство во вредност од околу 116 милиони долари да му го остави само нему.

Во тестаментот нема да ги вклучи нејзините три биолошки деца кои ги добила во бракот со Бред Пит.