По сведочењето на манекенката Кејт Мос на судењето на Џони Деп, кое го следеа неколку милиони луѓе, поранешната двојка беше фатена заедно во Лондон. Актерот ја поканил својата поранешна девојка на концерт кој го одржал во Лондон.
Деп ја покани Кејт да му биде гостинка на концертот. Популарната двојка беше во врска помеѓу 1994 и 1998 година и изгледа останале во добри односи.
Како што пишуваат британските медиуми, Деп и Мос одлично се забавувале зад сцената на неговиот концерт во Лондон.
Кејт Мос и Џони Деп беа познати по турбулентната врска, а заедно одеа на концерти и се забавуваа. Парот неколку пати раскинуваше и се смируваше, а нивната врска повторно се најде во центарот на вниманието поради сведочењето на манекенката на судењето, каде отворено ја покажа својата посветеност на своето поранешно момче.
Очигледно е дека Кејт и Џони останале во добри односи, а таа еднаш признала дека со години плачела бидејќи нивната врска завршила.
Кејт рекла дека Џони се грижел за неа и дека му верува.
Деп призна дека никогаш не бил толку емотивен кон жена како што бил кон Мос. Дали тоа значи дека парот ќе ја обнови врската, останува да видиме.