Џони Деп во Црна Гора: Ужива во најлуксузниот дел од земјата, а за точната локација сите молчат

ИЗВОРСкопје24
|

Џони Деп заедно со екипата која снима во Црна Гора и Србија, „се преселил“ во Тиват со приватен авион. Како што велат, актерот видно расположен пристигнал во црногорската ривиера, каде планирал да остане една недела, со можно продолжување.

„Не смееме ништо да откриваме. Така нè обврзаа продуцентите на филмот, со договорот за соработка“, порачале од кабинетот на претседателот на општината Тиват.

Од тие причини, никој не е сигурен каде точно Деп го поминува слободното време.

Она што е сигурно е дека ѕвездата е сместена во најлуксузниот резорт Порто Монтенегро, со поглед на море, како и дека од Белград за него во Тиват допатувала и неговата послуга.

„На Деп исклучително му одговара промената и веќе изјави дека Црна Гора е прекрасна. Доаѓањето на море после Белград и едно ипол месечното снимање исклучително му се допаѓа“, вели извор близок на актерската екипа.