Во рамки на фестивалот Скопско лето, во офф програмата, утре (24.07) во Сули ан, со почеток во 21ч. концерт ќе одржи популарниот рокер од Р. Србија, Џорџе Давид со својот бенд.
Џорџе Давид дипломира на Факултетот за драмски уметности во Белград. Активно се занимава со глума,учествувал во повеќе познати филмови и театарски претстави. Исто така, бил член на музичките групи Генерација 5, Ганг, Fuzzbox, а во Скопје доаѓа со својот бенд Death saw. Од 2018г. е член на жирито на талент шоуто „Ѕвездите на Гранд“.
Билети во продажба онлајн на https://www.karti.com.mk/ и на влезот на Сули ан пред самиот настан, по фестивалска цена од 200 денари.