Државниот завод за ревизија го објави конечниот ревизорски извештај од извршената ревизија на Основен буџет на Република Северна Македонија за 2021 година.
ЗА ПОДГОТОВКАТА И ДОНЕСУВАЊЕТО НА БУЏЕТОТ НА РСМ ЗА 2021 ГОДИНА, КАКО И ЗА УПРАВУВАЊЕТО И ИЗВРШУВАЊЕТО НА ОСНОВЕН БУЏЕТ НА РСМ ВО ДЕЛОТ НА ОСТВАРЕНИТЕ ПРИХОДИ И ДРУГИ ПРИЛИВИ И ИЗВРШЕНИТЕ РАСХОДИ И ДРУГИ ОДЛИВИ ВО ОДНОС НА ПЛАНИРАНАТА РАМКА, ИЗРАЗУВАМЕ ЗАКЛУЧОК СО РЕЗЕРВА, ДОДЕКА ЗА ВОСПОСТАВЕНИТЕ КОНТРОЛНИ ПОСТАПКИ НА ИТ СИСТЕМИТЕ И ЕВИДЕНЦИЈАТА ВО ТРЕЗОРСКАТА СМЕТКА, ИЗРАЗУВАМЕ ЗАКЛУЧОК БЕЗ РЕЗЕРВА, СТОИ ВО СООПШТЕНИЕТО ОД ДЗР.
При ревизијата, се посочува, беше опфатено и спроведувањето на препораките дадени во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор за 2020 година, при што утврдено е дека од дадените осумнаесет препораки, една препорака е спроведена, десет препораки се во тек на спроведување, една препорака е делумно спроведена и шест препораки не се спроведени.
Во функција на спроведување на интегриран процес на планирање на Буџетот на РСМ за 2021 година, МФ во најголем дел активностите за неговата подготовка ги има спроведено согласно законската регулатива.
Вкупните расходи и други одливи на Основен буџет на РСМ за 2021 година, се наведува, се во износ од 211.444.856 илјади денари и извршени се за 5,17% повеќе во однос на претходната година. Најзначајно зголемување има кај капиталните расходи кои во однос на 2020 година се зголемени за 50,55%, додека расходите за трансфери и донации се намалени за 7,46%.
При ревизијата, како што се посочува, утврдено е дека износот на тековниот дефицит на Фондот за ПИОСМ за исплата на пензии во 2021 година изнесува 17.766.000 илјади денари, што претставува 28,52% од вкупните извори на средства за исплата на пензии на Фондот и истиот е зголемен во однос на 2020 година за 3%. Во 2021 година, Владата на РСМ врз основа на одлуки одобрила средства во вкупен износ од 2.158.901 илјади денари, исплатени од разделот на Министерство за финансии – Функции на државата. Во однос на 2020 година овие исплати бележат зголемување 33,61%. Најголем дел од средствата односно 72% се одобрени на Развојната банка за реализација на економските мерки за ревитализација на економијата во услови на КОВИД-19.
ОВИЕ РАСХОДИ ВО ЗАВРШНАТА СМЕТКА ЗА БУЏЕТОТ НА РСМ СЕ ПРИКАЖУВААТ КАКО РАСХОДИ НА МФ – ФУНКЦИИ НА ДРЖАВАТА, ШТО ВЛИЈАЕ НА ТРАНСПАРЕНТНОСТА НА ИЗВЕСТУВАЊЕТО ЗА ТРОШЕЊЕТО НА СРЕДСТВАТА. НАЈГОЛЕМО УЧЕСТВО ВО ПЛАНИРАНИТЕ ВЛАДИНИ ПРОГРАМИ ИМА ПРОГРАМА А – ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА ЗА КОЈА ПРЕДВИДЕНИ СЕ 48% ОД СРЕДСТВАТА, КАКО И ПРОГРАМА П – МЕРКИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО КОВИД-19 КРИЗАТА, КОЈА ОПФАЌА 26% ОД ВКУПНО ПЛАНИРАНИТЕ СРЕДСТВА ЗА ВЛАДИНИ ПРОГРАМИ И ВО НАЈГОЛЕМ ДЕЛ СЕ РЕАЛИЗИРА ПРЕКУ ВЛАДАТА НА РСМ, ВРЗ ОСНОВА НА ОДЛУКИ ОД ВЛАДАТА НА РСМ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО КРИЗАТА ПРЕДИЗВИКАНА ОД ПАНДЕМИЈАТА СО ВИРУСОТ КОВИД-19. ЗА УТВРДЕНИТЕ СОСТОЈБИ ДАДЕНИ СЕ ПРЕПОРАКИ, СО ЦЕЛ ПРЕЗЕМАЊЕ МЕРКИ ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА ИСТИТЕ, СТОИ ВО СООПШТЕНИЕТО ОД РЕВИЗОРИТЕ.
Во делот на нагласување на прашања за неизвесност и континуитет, се наведува понатаму, обелоденивме состојби за: побарувањата за дадени краткорочни кредити и позајмици, краткорочни и долгорочни пласмани и други побарувања и нивната евиденција, од кои голем дел се однесуваат на пренесени салда од минати години, а во 2021 година во однос на 2020 година се зголемени за 40,28% и тоа во најголем дел по основ на побарувања кон НЕР, ЈПДП, МЖ Инфраструктура и МЖ Транспорт за државни гаранции за земени заеми и кредити, финансирање на буџетскиот дефицит; краткорочното и долгорочното задолжување во земјата и во странство.
Во ревизорскиот извештај се нагласува и дека системот на евидентирање (пријавување и одјавување) на тековните и повеќегодишните обврски од страна на буџетските корисници не овозможува целосни податоци за искажување на обврските во финансиските извештаи. Пријавувањето на обврските во Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврските при МФ, во кој од вкупно 1.382 субјекти, податоци имаат доставено 1.063 субјекти за доспеани, а неплатени обврски во вкупен износ од 24.159.958 илјади денари, што е 35,58% повеќе во однос на 2020 година.
НАЈГОЛЕМО УЧЕСТВО ВО ВКУПНИТЕ ОБВРСКИ ИМААТ ЈАВНИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ СО 45,78%, КАКО И ОПШТИНИТЕ СО 17,60%, СТОИ ВО ИЗВЕШТАЈОТ.
Меѓу прашањата се издвојуваат и финансиската нестабилност на единиците на локалната самоуправа, како основа за одржување на нивната ликвидност и подобрување на финансиската состојба, за независно децентрализирано функционирање на општините и предлог Закон за буџетите и воспоставување на нов интегриран информациски систем за управување со финансии во МФ, како најзначајни активности во рамки на Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии.
ВО ДЕЛОТ НА ОСТАНАТИ ПРАШАЊА, УТВРДИВМЕ ПОТРЕБА ОД АКТИВНОСТИ ЗА УСОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СУДСКИ БУЏЕТ СО ЗАКОНОТ ЗА БУЏЕТИТЕ, ВО ДЕЛОТ НА ВРЕМЕНСКАТА РАМКА ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ НА БУЏЕТСКИТЕ БАРАЊА, ПОТОА ЗА ЗАКОНСКОТО УРЕДУВАЊЕ НА НАЧИНОТ НА ЕВИДЕНЦИЈА НА ДРЖАВНИОТ ИМОТ И НЕГОВО ИСКАЖУВАЊЕ ВО ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ КАКО И ПОТРЕБА ЗА ДОУРЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА ВО ДЕЛОТ НА АКТИВНОСТИТЕ НА УЈП ПОВРЗАНИ СО НАДЗОР НАД РАБОТАТА НА ОПШТИНИТЕ ВО ДЕЛОТ НА ДАНОЦИТЕ НА ИМОТ, СЕ НАВЕДУВА ВО ИЗВЕШТАЈОТ НА ДЗР.