Според ѕвездите, за некои знаци од зодијакот, останатиот дел од пролетта ќе биде многу бурен на љубовен план. Никогаш не е едноставо да се донесе таа одлука, старата љубов да ја избришеме од нашите животи, но некои хороскопски знаци ќе мораат во наредниот период да “пресечат“.
Лав
Лавовите ќе можат да избираат оваа пролет и лето – на нивната врата ќе тропнат неколку добри прилики… Дами, вие едноставно ќе бидете магнети за момчиња! Затоа ниту поранешните партнери нема да останат имуни на вас. Меѓутоа, двапати размислете пред да дадете втора шанса на некој – ѕвездите ве советуваат сè убаво да анализирате. Можеби дури и подобро е да запловите во нешто непознато и неиспробано!
Вага
Доколку сте слободни и не сте во долга и стабилна врска, тогаш сигурно очекувајте враќање на некоја стара и речиси заборавена љубов во животот. Со оглед на тоа што ви недостасува љубов, можно е повторно да се обидете, па дури и ако не сте екстремно загреани за таа личност. Пред крајот на летото Вагите ќе имаат добри аспекти на емотивен план, па сигурно е дека вашата одлука ќе биде добра.
Стрелец
Позади вас имате неколку стресни месеци на полето на љубовта, но конечно дојде време за нешто поубаво! На почетокот на јуни ве очекува изненадување од личност која некогаш во минатото ве повредила во љубовта. Со извинувањето, секогаш се бара и втора шанса, но никому не му простувајте доколку не се потруди за тоа. Старата љубов има шанси повторно да заблеска, но доколку и двете страни се подготвени за компромис. Летото секако дека е одличен период за Стрелците и судена ви е голема љубов – дали стара или пак нова, одлучете сами.