Средство за чистење на лицето
Кога ќе измешате сода бикарбона и вода во однос 3:1, ќе добиете одлично средство за чистење на лицето
Направете природен дезодоранс
Едно од најпознатите средства во борбата против непријатната миризба под пазувите е сода бикарбона. Премачкајте ги пазувите со сода бикарбона и вода за да спречите непријатен мирис.
Сипете вообичаена количина шампон во дланката и додајте сода бикарбона за длабински да ја измиете косата.
Ги смирува изгорениците од сонце
На мокра крпа додајте раствор од 4 лажици сода бикарбона и вода и нежно поминете по изгорениците.
За избелување на заби
Сода бикарбоната е одлично средство за избелување на забите.
Пилинг за тело
Може да направите пилинг за тело со малку сода бикарбона и 15 капки есенцијално масло по ваш избор.
Нежни раце
Измешајте сода бикарбона со течен сапун доколку сакате мазна кожа.
Средство за чистење на стапала
Во вообичаената купка за стапала додајте 3 лажици сода бикарбона, а потоа исчистете ги стапалата.
Ги смирува местата од убод на комарци
Направете паста од сода бикарбона и вода за да ја смирите иритацијата на кожата.
Доколку сакате природно средство за плакнење на устата, ставете 1 лажичка сода во мала чаша со вода.