Еден од најубавите природни базени на светот се наоѓа на Јадранот

ИЗВОРСкопје24
|

Постојат бројни места на светот кои едноставно оставаат без здив, а едно од нив е и прекрасниот природен базен на италијанскиот брег.

“Grotta della Poesia” (Пештера на поезијата) е природен базен, сместен во селото Рока Векија, на јадранскиот брег помеѓу градовите Лече и Отранто, а се наоѓа во внатрешноста на поголемо археолошко наоѓалиште.

Околу еден километар од главната, се наоѓа и друга, помала Пештера на поезијата. И двете пештери имаат тунели кои водат директно до морето, до кое може да се дојде со пливање или со помал брод.

Посетителите ги освојува шармантната елиптична форма на базенот, широк околу 30 метри, а истата е идеална и за скокање од пет метри високите карпи.

Името на базенот потекнува од една магична приказна – според неа, еднаш одамна постоела прекрасна принцеза која обожувала да плива во бистрата вода на пештерата така што многу поети доаѓале токму на тоа место за да ѝ посветуваат песни.