Македонската нација се подготвува за нов дочек на шампионската екипа на Вардар.
„Црвено-црните“ ќе слетаат на аеродромот во Скопје нешто пред 21:00 часот и потоа ќе се упатат кон плоштадот „Македонија“.
Таму ќе недостасува само еден од членовите на новиот европски првак. Се работи за кружниот напаѓач Рожерио Мораеш кој заедно со својата сопруга „фати“ авионски лет за родниот Бразил.
Тоа го потврди со објава на својот Инстаграм профил.
И додека илјадници фанови ги чекаат хероите од Вардар да пристигнат на скопскиот аеродром, стигна вест дека пред веќе извесно Вардарци полетуваат од Келн.
Тоа значи дека ќе пристигнат во Скопје некаде пред 21 часот.
Во меѓувреме на скопскиот аеродром има многу навивачи кои ги чекаат своите херои.
Еве каква е атмосферата моментално на скопскиот аеродром.
Полетуваме….
Gepostet von RK Vardar am Montag, 3. Juni 2019