Еди Рама на гласање се појави во бермуди (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Околу 3,5 милиони Албанци денес можат да го остварат своето право на локалните избори кои за албанскиот претседател Илир Мета и опозицијата во таа земја се нелегитимни, додека за премиерот Еди Рама се во согласност со уставот, а ги поддржаа и ЕУ и САД.

Албанската држава веќе неколку месеци се соочува со длабока политичка и институционална криза, откако албанската опозиција излезе од парламентот и ги продолжи своите политички активности преку масовни протести на таканаречената обединета опозиција на улиците на Тирана.

На гласање излезе и албанскиот премиер Еди Рама, кој невообичаено со појави на гласање со кратки панталони, што предизвика бројни коментарни по социјалните мрежи.

Ова не е првпат Еди Рама да изненади со својот стајлинг, имено тој многу често на средбите со своите колеги од регионот и од европа се појавува во патики и кежуал варијанта, а јавноста при секоја прилика се обидува да одгатнат каква порака сака да пренесе со нив.