Eдинствениот човек во светот кому на местото на раѓање му е запишана регистрацијата на авион

|

Австралијанецот Јатко Тодев со потекло од Македонија, добил доживотно бесплатно летање со авион од авиокомпанијата ЈАТ, затоа што во 1978 година, се родил за време на летот за Сиднеј. Иако добил можност бесплатно да лета до која било дестинација во светот, Јатко ниту еднаш не го искористил овој подарок. Тој сега со семејството живее во Австралија.

Јатко раскажува дека папочната врвца ја пресекле со ножици, а ја дезинфицирале со виски. Кум бил пилотот, кој управувал со авионот. Јатко го добил името во чест на авиокомпанијата ЈАТ, сега позната како Ер Србија.

А еве што се случувало на денешен ден, пред 44 години. Имено, на 13 февруари 1978 година, на интерконтиненталниот лет Белград – Сиднеј, во Боингот 707 (ЈУ-АГИ) на ЈАТ, се породила Марија Тодева, и тоа на надморска височина од околу 8.000 метри и неколку часа пред слетувањето во Сиднеј. Марија на свет донела здраво момче кој добил име Јатко!

Авионот полетал од Белград со 106, а слетал во Сиднеј со 107 патници. Кога започнале болките, тогаш стјуардот, а подоцна и пилотот Радоје Ракочевиќ, со помош на колегите Славица и Слободан Урсиќ, Ана Хриберник и Гордана Чоловиќ, го ослободиле делот каде што седела Марија. Ги замолиле останатите патници да се преместат на други места.

Таму импровизирале „породилиште“. Вискито кое било при рака се користело за дезинфекција, а врвка им послужила за врзување на папочната врвца, напишал Милан Ракиќ од Здружението на пензионирани воени летоци и падобранци на Србија.

Капитенот Жика Маљковиќ го известил Сиднеј за неочекуваниот настан, па по слетувањето на платформата имало лекарска екипа која можела да констатира дека мајката и детето се во одлична состојба и покрај околностите во кои се случило се.