Едита призна – Имам лажен профил на Инстаграм, еве кого шпионирам

ИЗВОРНов Лист
|

Едита Арадиновиќ признава дека има лажен профил на Инстаграм, преку кој ги шпионира луѓето кои ја интересираат!

Пејачката признала дека направила профил без нејзини фотографии за да може да следи што прават тие луѓе што таа не сака да ги следи од нејзиниот личен профил.

– Имам лажен профил на Инстаграм и ми служи да гледам што ме интересира, а не сакам сите да го знаат тоа. Мојот вистински профил е само за работа и затоа не го користам за други цели – изјави пејачката.

Инаку, Едита немаше среќа на Инстаграм во мај, кога „случајно“ ја објави својата гола слика од бањата. Иако веднаш ја избришала фотографијата, нејзините придружници успеале да ја зачуваат. Така фотографијата на пејачката набрзо стана хит на социјалните мрежи.