Една од најголемите музички Југословенски ѕвезди заврши на улица поради неплаќање сметки за кирија

|

Беби Дол жареше и палеше на домашната музичка сцена, а го воодушевила и пејачот Сајмон Ле Бон од групата “Duran Duran“ кој во една прилика ја нарекол најдобра пејачка на целиот свет.

Денес од нејзината слава остана многу малку. Минатата година кога се појавила на концерт во Загреб речиси никој не ја препознал, а веќе неколку години се пишува дека Беби Дол не е во добра финансиска ситуација.

Српските медиуми овие денови пишуваат дека дошло до тоа што пејачката морала да побегне од станот затоа што немала како да плаќа кирија за станот.

Извор открил дека таа плачела кога сопственикот на станот ѝ се јавил за кирија и му рекла дека ќе го направи тоа штом се снајде.

„Не му плаќала четири месеци, а тој само еднаш ѝ се јавил и ја прашал што се случува. Таа на тоа му рекла дека очекува да земе некои пари и го замолила да ја почека еден месец па тогаш ќе му ги плати сите кирии кои дотогаш не ги платила“ – раскажал тој.

Таа не му се јавувала, а сопственикот на станот пошол таму и нашол сè празно.

„Преку пријател успеал да ја исконтактира. Таа почнала да плаче му рекла дека ѝ е срам што нема пари, но дека при прва можност ќе му плати сè. Месечната кирија за станот во кој живеела изнесувала 220 евра што значи дека вкупно му должи 880 евра. Плус околу 250 евра за неплатени сметки. Сопственикот на станот нема да ја пријави ниту пак да ја тужи затоа што верува дека таа ќе му ги плати сметките“ – открил изворот.

Ова не е првпат Беби Дол да има проблеми со плаќање на кирија па така во 2017-та година таа била исфрлена од станот поради неплаќање.