Една од најубавите Македонки Викторија Јаначковиќ за првпат по подолга пауза реши да проговори за својот приватен живот.
Таа пред камерите на 1ТВ во емисијата „Ексклузив“ говореше за почетоците на својата манекенска кариера, за грозното искуство во Лондот и за својот брак за кој вели дека бил вистински дебакл и катастрофа.
Како што и самата истакна таа нема што да го крие тој неуспешен брак кој веќе го остави зад себе, затоа што не се работело за неверство или лаги, туку едноставно не си одговарале карактерно и мирно се раздвоиле.
За искуството во Лондон и за тоа како ја доживеала Англија, Јаначковиќ вели дека е ужасно. Таа потенцираше дека иако доаѓа од Србија, сепак Македонија многу ја сака и секогаш ќе се враќа тука, а сподели и интересен детал од нејзиното враќање од Лондон.
„Иако звучи како клише, уште првиот ден кога се вратив тука од Лондон јас ја бакнав земјата!“, истакна Викторија.
Целиот разговор со Викторија Јаначковиќ може да го погледнете во видеото: