Едно лице загина откако автомобил возејќи во спротивна насока предизвика сообраќајка

|

Едно лице загина, а две се тешко повредени во несреќата што се случи вчера околу 16 часот, на автопатот „Милош Велики“ кај Обреновац во правец кон Белград.

Според видеото снимено во моментот на несреќата, возач на „фиат пунто“ се движи во спротивна насока на автопатот, по што се судира со „хјундаи“ кое во моментот се вози по крајната лева лента.

Во несреќата загина 51-годишниот Дејан Ј. додека пак неговиот совозач Ненад К.(40) се здобил со тешки телесни повреди опасни по живот и е пренесен на одделението за интензивна нега на Ургентниот центар.

Зад воланот на „хјундаито“ во кое удрило „пунто“ била Драгослава П.(30), која се здобила со тешки телесни повреди но сепак по несреќата била свесна, комуникативна и пренесена во КБЦ Земун.

Видеото погледнете го со клик ОВДЕ.