Еднократна помош од 6.000 денари за секое прваче во оваа општина

ИЗВОРНов Лист
|

И оваа година Општина Новаци додели еднократна парична помош на семејствата со прваче во висина од 6.000 денари.

Целта на овој проект е да се намалат трошоците на родителите за новиот ученик во семејството, информираа од тамошната локална самоуправа.

-Со отпочнувањето на мојот мандат како градоначалник на Општина Новаци на првата седница на новиот Совет на мој предлог донесовме одлука паричниот надомест за прваче кој се исплаќа во бруто износ од Буџетот на општината, да се зголеми на 6000 денари. Ова е втора година како нашите првачиња добиваат еднократна парична помош со овај износ. Сметаме дека на овој начин ги враќаме парите назад кај граѓаните, овозможуваме пријатен почеток на првата учебна година и подобри услови во образовниот процес за секое дете, истакна градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски.