Едноставен тест со кој ќе дознаете каква личност сте и како другите гледаат на вас

ИЗВОРНов Лист
|

Направете го овој интересен и забавен тест кој го открива вашиот карактер, како и перцепцијата што другите ја имаат за вас. Земете лист и пенкало и почнуваме!

1. Најголем потенцијал за работа имате: а) наутро б) напладне и во рана вечер в) доцна навечер

2. Вообичаено чекорите: а) прилично брзо со големи чекори б) прилично брзо со кратки чекори в) не толку брзо, со крената глава г) не толку брзо, со спуштена глава д) многу бавно

3. Кога зборувате со други, вие: а) стоите со скрстени раце б) дланките ви се споени в) една или двете раце ви е/се на колковите или во џеб г) ја допирате или поттурнувате личноста со која зборувате д) го допирате увото, брадата или косата

4. Кога се опуштате, вашата положба на седење е: а) свиткани колена и нозете поставени една до друга б) прекрстени нозе в) исправени нозе, протегнати нанапред г) седите на едната нога која е свиткана под вас

5. Кога гледате/слушате нешто што навистина ве забавува, вие реагирате така што: а) ќе дадете голема насмевка б) кратко ќе се насмевнете в) тивко ќе се поднасмеете г) ќе ги искривите усните во скромна насмевка

6. Кога одите на забава или некоја слична пригода, вие: а) се трудите да бидете впечатливи така што сите ќе забележат дека сте пристигнале б) тивко влегувате, барајќи познато лице в) влегувате речиси незабележливо

7. Кога напорно работите и се обидувате да се концентрирате и некој ве прекинува, вие: а) го прифаќате прекинувањето б) навистина сте иритирани в) постигнувате некаков баланс меѓу горенаведените реакции

8. Кои од наведените бои најмногу ви се допаѓаат? а) црвена или портокалова б) црна в) жолта или светлосина г) зелена д) темносина или виолетова ѓ) бела е) кафеава или сива

9. Кога ќе си легнете да спиете, во каква положба се поставувате? а) испружени, легнати на грб б) испружени, легнати на стомак в) на една страна, малку скупчени г) со главата сте легнати врз едната рака д) со главата под покривката

10. Често сонувате дека: а) паѓате б) се борите в) барате некој/нешто г) лебдите или летате д) обично не сонувате (не ги памтите соништата) ѓ) секогаш сонувате пријатни соништа

Поени за секој од понудените одговори на прашањата: 1. а) 2 б) 4 в) 6

2. а) 6 б) 4 в) 7 г)2 д) 1 3. а) 4 б) 2 в) 5 г) 7 д) 6 4. а) 4 б) 6 в) 2 г) 1 5. а) 6 б) 4 в) 3 г) 5 д) 2 6. а) 6 б) 4 в) 2 7. а) 6 б) 2 в) 4 8. а) 6 б) 7 в) 5 г) 4 д) 3 ѓ) 2 е) 1 9. а) 7 б) 6 в) 4 г) 2 д) 1 10. а) 4 б) 2 в) 3 г) 5 д) 6 ѓ) 1

Соберете ги поените за да го дознаете својот резултат.

Над 60 поени Другите ве гледаат како некој со кој треба внимателно да се однесуваат. Оставате впечаток на надмоќна личност која се фокусира само на себе. Некои може да ви се восхитуваат и да посакуваат да бидат како вас, но вистината е дека не секогаш ви веруваат и одбегнуваат да бидат длабоко инволвирани со вас.

51 – 60 поени Ве гледаат како возбудлива и импулсивна личност, која сака промени и не стои во место. Вие сте вистински лидер. Не ви претставува проблем брзо да донесете каква било одлука иако не секогаш таа одлука е правилна. Оставате впечаток на авантуристички настроена личност која би пробала што било. Сакате да преземате ризици и да се впуштате во авантури. Луѓето сакаат да бидат во ваше друштво поради возбудливоста со која зрачите.

41 – 50 поени Ве гледаат како енергични, шармантни, забавни, интересни и практични. Обожувате да бидете во центар на внимание, но се трудите да не бидете наметливи. Ве гледаат како љубезни, внимателни и полни со разбирање. Вие сте секогаш тука да поттикнете нечие добро расположение и да помогнете.

31 – 40 поени Оставате впечаток на чувствителна, внимателна и практична личност. Вие сте талентирани, паметни, надарени, но сепак скромни. Не склопувате лесно нови пријателства, но бескрајно сте верни и лојални кон постоечките. Оние кои го разбираат вашиот карактер знаат дека навистина е тешко да се стекне вашата доверба, но последиците се големи доколку таа доверба се изневери.

21 – 30 поени Трудољубиви и зафатени личности. Ве гледаат како внимателни и претпазливи личности кои претерано размислуваат за сè и бавно донесуваат одлуки. Навистина би било изненадувачки доколку направите нешто импулсивно. Толку сте претпазливи што ви е тешко да се одлучите дури и за наједноставните работи во животот. Не преземате често ризици, туку играте на сигурно.

Под 21 поен Луѓето ве гледаат како срамежлива личност која тешко се справува во социјалните збиднувања и е доста анксиозна при комуникација. Дозволувате другите да донесуваат одлуки наместо вас. Често се грижите за проблеми кои воопшто и не постојат. Некои мислат дека сте здодевни личности, но оние кои добро ве познаваат знаат дека не сте.