Едноставен тест со кој ќе откриете која е идеалната професија за вас

ИЗВОРНов Лист
|

Секој од нас има свои силни страни. Секогаш можеме да направиме нешто подобро, но во некои области, нашата интелигенција и генијалност не се вклопуваат на правилниот начин. За да се сфатите сами себе и да откриете што треба да направите во вашиот живот, а промени кои ќе ви донесат богатство, направете го следниот краток и едноставен тест.

Овој тест ќе ви помогне да откријте кој е вашиот животен пат до богатството и одличната финансиска состојба, проценувајќи ги вашите силни страни и квалитети. Сè што треба да направите е интуитивно да изберете една од формите, прикажани на фотографијата подолу:

Одговори
1. Квадрат
Доколку сте ја избрале оваа форма, тогаш може да се прогласите за работохоличар. Потребно е самите на себе да си признаете дека секогаш сте вредни, трпеливи, внимавате многу на деталите и секогаш сте одговорни за извршувањето на задачите, зарем не е така? Никогаш не се откажувајте од незавршената работа, колку и комплицирано истата да ви изгледа.

Квадратот симоблизира дека вашата лева хемисфера од мозокот е поразвиена. Тоа означува дека најдобар избор за вас се професиите како сметководител, програмер, инженер или лекар. Исто така, вие сте идеални за позиција на лидер!

2. Правоаголник
Вашиот избор укажува на тоа дека вие сте личност која си ги потценува сопствените таленти. Дури уште полошо – не верувате дека ги поседувате. Но, грешите и тоа многу.

Најпрво треба да се сослушате сами себе и да одлучите што би сакале да работите и да правите во вашиот живот, без да се ограничувате. Потсетете се што сакавте да бидете кога бевте дете – вообичаено желбите на децата се најискрени и најреални. Веднаш штом ќе го откриете вистинскиот пат и професија за вас, среќата ќе тропне на ваша врата.

Истовремено, луѓето чиј избор е правоаголникот совршено би им одговарала професија на раководител или претприемач.

3. Триаголник
Вашата сила е брзото и логично размислување и способноста прецизно да ја анализирате секоја информација. Големи пари би стекнале кога би се занимавале и би работеле во улога на дизајнер, адвокат, економист или архитект. Може дури и да се обидете во политиката, и таму без сомнеж, би се соочиле со успех.

Недостатоците на вашиот карактер се нетрпеливоста и самосожалувањето, но воедно свесни сте дека истите треба да ги отстраните од вашиот живот, бидејќи тие само се пречка на патот кон вашиот голем успех.

4. Круг
Луѓето кои го избираат кругот, секогаш ја претпочитаат тимската работа. За нив, не е важно што прават, колку што е важно со кого тоа го прават.

Секогаш можете да остварите добар однос со соговорникот, а тоа е вашата најдобра бизнис тактика. Слабоста на вашиот карактер е што сте малку мрзеливи.

Подобро би било да започнете некоја работа од дома или пак сопствен бизнис. Имате високо развиена емоционална интелигенција, кои би ви овозможиле совршено да се пронајдете и да успеете и во улогата на актер или професор.

5. Цик-цак
Доколу оваа уникатна форма е вашиот избор, тоа значи само една работа: Вие сте многу креативна личност! Секогаш успевате да ја забележите убавината на светот, да ја процените секоја ситуација од секој можен агол. Но, рутината е еднаква на убиство за вас.

Затоа потребно е да изберете професија, каде секоја ваша блескава идеја би била ценета. Уметник, музичар, дизајнер, пронаоѓач- тоа се идеалните професии за уникатна личност како вас!