Ако сакате свеж мирис во вашиот автомобил, а не сакате да трошите пари на освежувачи, еве едноставен трик кој ќе ви заврши работа.
Имено, се што ви треба е една лименка во која ќе ставите мелено кафе, па ќе ја затворите и ќе направите дупчиња.
Оставете ја на место на кое нема да падне во колата.
Кафето ќе ги впие сите лоши мириси, а автомобилот ќе има свеж мирис.
Дполнителен проблем за многумина е климатизацијата во автомобилот, па без оглед на тоа дали имате климатизација или не, овој трик ќе ви помогне автомобилот кој бил на сонце да го разладите за околу десет секунди.
Оние кои се обиделе со овој метод велат дека температурата во возилото се спушта за околу 10 степени.
Се што треба да направите е:
– Спуштете го прозорецот на совозачката страна и затворете ја вратата.
– Во истиот момент возачката врата отворајте ја и затворајте ја.