Едноставен трик со кој ќе исчезнат сите лоши мириси од автомобилот

ИЗВОРНов Лист
|

Ако сакате свеж мирис во вашиот автомобил, а не сакате да трошите пари на освежувачи, еве едноставен трик кој ќе ви заврши работа.

Имено, се што ви треба е една лименка во која ќе ставите мелено кафе, па ќе ја затворите и ќе направите дупчиња. Оставете ја на место на кое нема да падне во колата.

Кафето ќе ги впие сите лоши мириси, а автомобилот ќе има свеж мирис.

Колку далеку може да извозите со празен резервоар?

Некои се одлучуваат на овој ризик од финансиски причини, а за други ова е адреналинска игра, сепак не се препорачува да го искусувате често.

Сите експерти за автомобили ќе ви кажат дека не е добро да возите со малку гориво во резервоарот, но сепак на сите ни се случило да „стиснеме палци“ и да се надеваме дека ќе дотуркаме до крајната дестинација или до следната бензинска пумпа.

Некои понови автомобили имаат опција за проценка на километражата што може да ја поминете со преостанатото гориво, но кај постарите автомобили имате само стрелка и сијаличка за да ве предупреди дека време е да го дополните резервоарот.

Дали би продолжиле да возите иако сијаличката за гориво трепка и ви покажува дека сте при крај?

Возбудата или стресот расте секој следен пат кога ќе тргнете да возите, а сијаличката „упорно“ трепка, но автомобилот продолжува да вози.

Овој тип на адреналинска зависност може скапо да ја платите. Кај постарите автомобили резервоарите се лимени, а возењето на „златна резерва“ значи многу кондензирана водена пареа, односно појава на корозија и нејзините продукти, а со тоа и опа сност за пумпата за гориво. Затоа, држете се до советот да возите со најмалку една четвртина полн резервоар.