Едноставен трик за меки и миризливи алишта без користење омекнувач

ИЗВОРНов Лист
|

Интернетот е полн со разно-разни трикови за домаќинство, меѓу кои и оние за перење алишта. Но, еден трик посебно го привлече вниманието на корисниците на социјалните мрежи откако на Фејсбук беше објавен од Hinch Army Cleaning Tips.

Станува збор за замена на омекнувач со бел оцет за време на перењето на алиштата во машина, а оние кои го пробале овој трик тврдат дека е неверојатно ефикасен.

„Откако ги прочитав вашите објави за исфрлање на омекнувачот од процесот на перење алишта и негова замена со бел оцет, останав запрепастена. Моите алиште никогаш не мирисале толку убаво и чисто, а пералната блескаше“, напиша една корисничка на Фејсбук.

„Го пробав ова денес и импресиониран сум како алиштата и крпите мирисаат прекрасно. Бев скептичен, но задоволен сум од резултатите“, додаде друг корисник.

Пред да посегнете по било каков оцет во вашата кујна, треба да запамтите дека задолжително мора да користите дестилиран бел оцет. Овој вид оцет не содржи танин (растителна боја) кој може да остави дамки на вашите алишта. Станува збор за доста блага киселина која нема да ги оштети ткаенините, но ќе ги отстрани остатоците од прашок.

Се користи така што пред перењето се додава во машината за перење исто како омекнувачот – го полните резерварчето во кое обично турате омекнувач со бел дестилиран оцет, додавате детергент и пуштате да се пери. Оние кои го испробале овој трик, тврдат дека оцетот помага да се засили мирисот на вашиот прашок за перње алишта, а алиштата ги прави да бидат помеки подолго време.