Едноставни бизнис идеи кои им донесоа милиони на нивните творци

|

Многу идеи им донеле милијарди на своите креатори. Во продолжение прочитајте за некои од оние едноставни идеи кои ги збогатија оние што ги смислија.

Ханс и Пол Регел – Харибо

Браќата Регел го измислиле првиот калап за гумени бонбони Харибо во 1922 година.

Нивниот успех, преведен во долари, е 1,5 милијарди американски долари, а дневно се произведуваат околу 100 милиони златни мечиња.

Марио Полети Полегато – Geox

Неговиот татко сакал да произведува вино, но тој единствено сакал да произведува обувки. Неговиот патент не сакал никој да го купи, а денес овој човек е милионер со 1.300 продавници за обувките кои сам ги измисли.

Но, Марио не сакал да остане во семејниот бизнис. Кога заминал на одмор во пустината Невада, сфатил дека по долготрајните прошетки неговите нозе станале врели и дека му е ужасно неудобно во обувките, па со своето џепно ноже им направил дупчиња на чевлите. Веднаш му било подобро и така дошол на идејата да произведува обувки кои во исто време ќе бидат водоотпорни, но и ќе “дишат“.

Кога сите познати производители на обувки го одбиле, тој отишол во банка и подигнал кредит, па го започнал сопствениот бизнис – Geox.

Џеф Безос – Amazon

Признавајќи го фактот дека луѓето имаат мал пристап до книжарниците, Џеф реши да изгради онлајн книжарница, Amazon.com.

Кога Безос го избрал името, почнувајќи од почетокот на азбуката, се решил за името Амазон, по реката со широка распространетоста каква што стана и неговата компанија.

Starbucks

Хауард Шулц првично работел за оваа мала фирма што го продава овој пијалак, но дури кога тој доаѓа до израз во оваа компанија, Starbucks доживеа голем напредок и кулминација. Шулц го најде вистинскиот начин да ги израдува љубителите на кафе.

Ралф Лорен – моден бренд

Долго пред да стане модна икона, тој беше Ралф Липшиц, најмалиот син на сиромашни еврејски имигранти од Белорусија кои дошле да живеат во Бронкс. Пресвртна точка во животот на модната икона бил неговиот прв поло натпревар, којшто го поттикнал неговиот претприемачки дух и му помогнал да ја оформи својата цел во животот. Кога за прв пат го видел сиот тој луксуз, среброто, кожата, коњите, високите блондинки со големи шешири, посакал да стане дел од животот на висока нога.

Токму од тој момент Лорен добива инспирација да создаде бренд во што и успева за кратко време. Иако имаше само средно образование и неколку бизнис часови зад себе, тој се реши да ризикува и да основа сопствена компанија.