Едвај го собра во дворот: Синот на Цеца се почести пред свадба со нов автомобил – од цената боли глава (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Синот на Цеца, Вељко Ражнатовиќ реши да се почестен пред свадбата, која ќе се одржи оваа година. Имено, синот на балканската фолк дива си купи нов автомобил. Станува збор за моделот “Porche 718”, со кој синот на фолк ѕвездата се пофали на социјалните мрежи.

Цената на овој убавец изнесува над 70.000 евра, па затоа не е изненадување што Вељко Ражнатовиќ нагалено Поршето си го нарече “моето бебе“.

Српските медиуми на големо пишуваат за свадбата на синот на Цеца која треба да се случи оваа година, иако точниот термин засега не е закажан.

Сепак парот потврди дека до крајот на годината ќе се заколнат на вечна љубов.

Сестрата на Вељко Ражнатовиќ во интервју за српски „Информер“ открила и неколку детали од свадбената церемонија.

Сигурна сум дека двајцата ќе сакаат да ги почитуваат сите наши обичаи, така да сигурно ќе имаме многу работа. Не сакаме да ја препуштиме работата на други, па затоа сами ќе се фатиме за работа, вели пејачката Анастасија Ражнатовиќ.

Таа додава дека Вељко се уште не им дал конкретна функција околу организирањето на венчавката, но тоа сигурно ќе биде, откри и дека таа ќе пее на нивната свадба.

Имам доста убави песни кој ги сакам. Одлучив да направам список на омилени, за да не се случи да заборавам некоја песна на денот на свадбата, додава Ражнатовиќ.