|
Една од најдобрите пејачки и актерки на регионов, Тијана Дапчевиќ, вчера го прослави роденденот. Колегите, семејството, пријателите и обожавателите од регионот не престануваат да ја опсипуваат Тијана со најубави желби и честитки.
Тијана до неодамна беше дел од хумористичната ТВ-серија „Преспав“ каде го играше ликот на Ула, па не е чудно што најубавата роденденска честитка ја доби од екипата на серијата.
Екипата на Преспав сподели кратко видео на кое се прикажани анегдоти при снимањето на серијата со кое ѝ го честитаа роденденот на Ула.
Среќен роденден Ула наша или што би рекле Германците, среќен geburtstag!стои во описот на видеото.
Според видеото кое го објавија, може да се види дека актерската екипа одлично се забавувала.