Екс министерот Љупчо Николовски ќе се жени – Ова е неговата избраничка (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Генералниот секретар на СДСМ и поранешен министер за земјоделие Љупчо Николовски ја побарал за жена својата девојка Андријана Јакимовска.

Таа на својот профил на Фејсбук пред половина час од Порторож, Словенија, објави заеднички фотографии, како и слика од прстенот на раката.

Парот прима честитки од нивните пријатели на социјалните мрежи.

Инаку Љупчо Николовски е роден на 20 август 1983 во Крива Паланка и е македонски политичар од редовите на СДСМ, како и поранешен министер за земјоделство во владата од 2017. Николовски дипломирал на правниот факултет „Јустинијан Први“ во 2007, а во периодот 2007–2008 работел како адвокатски приправник.

Во февруари 2014 бил назначен за шеф на кабинет на претседателот на СДСМ Зоран Заев, а од ноември 2015 до мај 2016 бил дополнителен заменик-министер за земјоделство во техничката влада на Емил Димитриев. Во 2017 беше именуван за прв човек на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Николовски говори англиски и италијански јазик.