Откако беше откриен на морското дно на Северниот Атлантик во 1985 година, Титаник го посетиле само мала група луѓе. OceanGate Expeditions неодамна го најави своето второ патување, кое ќе однесе тим од истражувачи на 4.000 метри под студената површина на океанот, каде што „специјалистите на мисијата“ заедно со истражувачите ќе го прегледаат огромниот брод од подморницата на компанијата.
Но, ова патување ќе биде сè, само не евтино. Имено, секој билет чини 250 илјади долари. Туристите ќе ја започнат својата авантура со пловидба со експедициски брод од Канада до последното место на потонатиот брод. OceanGate Expeditions ќе ја користи својата подморница од титаниум и јаглеродни влакна од класата Cyclops за пет членови на екипажот; бродот носи до тројца експерти за мисијата на секое нуркање кое ќе трае од осум до десет часа.
Титаник потона на 15 април 1912 година, четири дена по неговото прво патување од Саутемптон, Англија до Њујорк, откако удри во санта мраз.
Бродот се урива од година во година. Јарболот падна на палубата, а познатото нуркање на режисерот Џејмс Камерон во 2001 година го ослабна интегритетот на трупот. Според Националната управа за океани и атмосфера, трупот и структурата на бродот најверојатно целосно ќе се урнат во следните 20-40 години.