Експанзијата продолжува: Тиго Фајнанс со две нови филијали, овој пат за жителите на Кочани и Крива Паланка

ИЗВОРСкопје24
|

25 филијали низ државата за уште поголема достапност на услугите на Тиго Фајнaнс

Скопје, 13 август 2019 г. – Кочани и Крива Паланка стануваат дел од широко распространетата продажна мрежа на Тиго Фајнанс, а жителите на овие два града сега имаат нова физичка точка за непосреден контакт со услугите на Тиго согласно нивните потреби и навики, што ќе им овозможи полесно да го направат вистинскиот
избор за задоволување на нивните финансиски потреби тогаш кога тоа ним им е најпотребно.

Филијалата во Крива Паланка, која ги отвори вратите за жителите на градот и околината вчера, е лоцирана на ул. Свети Јоаким Осоговски 56, додека пак од денеска, вработените во кочанската филијала лоцирана на ул. Димитар Влахов бр. 78, се подготвени да одговорат на потребите и барањата на граѓаните од овој регион.

Со овие две, бројот на Тиго филијали достигна 25 и претставува најшироко распространета мрежа на филијали на финансиски друштва во нашата земја, а проширувањето на продажната мрежа ќе продолжи и во иднина.

До услугите на Тиго Фајнанс клиентите можат едноставно да пристапат онлајн на www.tigo.mk или во некоја од 25-те филијали во 19 градови ширум земјата, а аплицирањето и на обете места е подеднакво брзо и едноставно – одговор на апликацијата се добива за 30 секунди, a исплатата во кеш се врши за само 10 минути.

Дополнително, првата апликација е бесплатна, односно првиот кредит до 20 илјади денари е со 0% каматна стапка.

Тиго е член на Асоцијацијата на финансиски друштва, чии членови со потпишувањето на Кодексот за добра пракса и формално се обврзуваат за одговорно кредитирање и обезбедување на повисоко ниво на заштита на клиентите.

Повеќе информации за Тиго Фајнанс се достапни на веб страницата www.tigo.mk или на телефонскиот број 13 700.