Исчезнувањето на авионот во кој леташе Емилијано Сала го потресе светот, а откако беа пронајдени остатоците беше јасно дека несреќата очигледно никој не ја преживеал, но еден авијатичар, чие име не се открива, смета дека инцидентот можел да има различен крај.
Авијатичар смета дека добрата состојба на авионот „Пајпер Малибу“ е поради тоа што пилотот се обидел да слета во морето, а не поради тоа што загубил контрола и се урнал.
Специјалистот кажал дека постои можност да замрзнал моторот поради лошите временски услови, но дека тоа не му направило проблеми на пилотот и тој сигурно не ја загубил контролата врз леталото на патувањето од Нант до Кардиф.
„Ние сметаме дека авионот не паднал, туку дека пилотот се обидел да слета, што е многу тешко да се направи. Не знам во каква состојба биле Сала и Иботсон кога паднале во водата, но сметам дека можеле да се спасат“, вели авијатичарот за француските медиуми.
Да потсетиме, во потрагата по авионот беше пронајдено и едно беживотно тело во авионот, па поради тоа истражувачите сметаат дека никој не ја преживеал несреќата, иако второто тело досега не беше пронајдено.