1 април, Светски ден на шегата, ден кога многумина се трудат со својата досетливост да ги измамат и да ги насмеат другите. Априлили е најчестата фраза која ќе ја луете токму на овој ден. На тој ден сите се шегуваме, без разлика дали на своја или пак на туѓа сметка.
Тимот на естрадниот магазин Бекстејџ, традиционално како и секоја година, одлучи да се пошегува со нашите јавни личности, секако на нивна сметка. Прв на тапет се најде Ламбе Алабаковски.
Веднаш по Ламбе, го побараа и Миле Кузмановски. Причина – навредите упатени кон Наум Петрески.
Традиционално продолжија со вечната лага, односно шега, а тоа е дека во нивната редакција стигнале експлицитни видеа и фотографии, овој пат од Агнеса Органџиева.
А колку е вистината дека Андреј ќе се повлече од ДНК?
Единствена личност која не успеаа да ја измамамат е Александра Јанева, иако на момент се подзамисли.
Мора да признаеме дека нивниот обид да ги измамат нашите јавни личности беше успешен. Се надеваме дека успеале да и им измамат насмевка на нивните лица, секако и на вас.